Лани во Македонија имало 70.139 активни деловни субјекти со по 1 до 9 вработени

од desk3
96 прегледи

Во Македонија лани имало 70.139 активни деловни субјекти од кои најголемиот дел, 80,2 проценти имале по еден до девет вработени.

06-skopje-old-railway-station-ulica-makedonija

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 23.843 субјекти или 34 отсто и Преработувачка индустрија со 7.639 субјекти или 10,9 проценти.

Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење камен со 173 субјекти или 0,2 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 160 субјекти или 0,2 процента.

Според бројот на вработени, најголемо учество од 80,2 отсто имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10,4 отсто, па субјектите со 10-19 вработени со 4,3 отсто, субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,8 отсто, со 1,9 проценти учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени./МИА