Германската амбасадорка: Квалитетот на изборите е побитен од датумот

од desk3
94 прегледи

Има уште многу работа, а времето е кратко до 5 јуни за да се исполнат сите услови за фер и кредибилни избори, вели германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе биде објавено в недела.

althauzer
Таа додава дека преговорите за медиумите во соработката со медијаторот од ЕУ Питер Ванхауте заврши, но дека процесот треба да биде рестартиран.

„Тоа што комесарот Хан го изјава, а Германија во целост го поддржува тој став, е дека квалитетот на изборите е побитен од датумот, и квалитетот ќе биде измерен врз основа на критериумите кои беа наведени во заедничкото писмо од амбасадорите на ЕУ и САД до премиерот кое датира од 19 февруари годинава. Нашата гледна точка е дека квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот фокус ќе остана на важните прашања, како што е медиумската средина која треба да им ја даде на гласачите информацијата што им е потребна, квалитетот на избирачкиот список, и воздржување од политичка манипулација врз гласачите и гласањето.“
Повеќе ТУКА