Специјалното јавно обвинителство го презема случајот “Шпион”. Тоа го соопшти претставник на СЈО на денешното рочиште на Апелациониот суд на кое се разгледуваше жалбата на осудените . Претходно и одбраната на обвинетите бараше случајот да биде превземен од СЈО.

Во „Шпион“ се обвинети 19 луѓе. Првообвинет е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што според обвинението прибирал информации за странски тајни служби, а затвор добија и поранешниот директор на дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, како и Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски.