Заврши синоќешната акција на полицијата околу селата на липковско -кумановската општинаи Арачиново. Според полициски извори станувало збор за „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија . Повод за акцијата сe информациите кои ги пренесоа медиумите дека во реонот на Ваксинце се пронајдени мигранти кои неколку дена биле држени од непозната вооружена група

Претходно повеќе медиуми шпекулираа дека полициската активност во Липковско и во Арачиново е предизвикана од потрага по вооружена косовска група чии припадници се блиски на терористите обвинети за Диво Насеље. Од МВР ги негираа овие шпекулации и порачаа дека дека ситуацијата е под апсолутна контрола, и нема никаков влез од Косово.
Истата порака ја упати и градоначалникот на Липково Садула Дураку. Тој за ТВ21 изјави дека нема никакви косовски вооружени групи:
-Ова што го читав по интернет порталите не e ништо друго туку нивна сензација, начин на кој се обидуваат да соберат „клик“ повеќе. Ние веднаш ги проверивме информациите во надлежните институции и се работи за нормални полициски контроли. Нема никакви вооружени групи и можам да им порачам на граѓаните дека можат мирно да спијат, изјави Садула Дураку, градоначалник на општина Липково.
Сепак полициски контроли и пунктови имаше не неколку места во тој регион, и веста е дека се барале мигранти -заложници кои биле држени од криминални банди и кои ординирале на овој терен со шверц и уцена на бегалците кои илегално влегувале на територијата на Србија а доаѓале од Грција.
Повод за овааа акција најверојатно се токму тие дејствија затоа што како што објави ТВ21, и покрај тоа што од 9 март балканската маршрута е затворена за мигрантите кои доаѓаат од Блискиот Исток, тие повторно успеваат да влезат на територијата на Македонија.
Истиот извор откри импровизиран камп во близина на липковското село Ваксинце, каде престојувале десетици мигранти, кои илегално ја минале грчко-македонската граница.
Полициските извори рекоа дека знаеле за кампот. Кога полициските единици пристигнаа на местото, мигрантите веќе беа заминати.
Во пакетот на шпекулациите на различни медиуми весникот Коха објави дека полицијата трага по лице од Бангладеш, познато како Тони кој според информации на весникот бил водач на вооружена група која земала во заложништво бегалци избегани од кампот Табановце. Бегалците биле држени на сила во напуштени куќи во селото Лојане, според Коха слично на случајот со Али баба, бегалец кој во Ваксинце минатата година од бегалците наплатуваше престој и не ги пушташе бегалците сами да патуваат кон север.
Како и да е прецизни информации за јавноста МВР најави за денеска , во меѓувреме акцијата во овој реон е завршена , а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во телефонски разговор сепак делумно одговори дека се превземаат само вообичаени мерки на безбедност и им порача на граѓаните дека нема простор за паника.