САД: Владата да ги смени „законите за бомби и за свиркачи“ пред да се распушти Собранието

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Не стивнува меѓународниот притисок до власта за мислењето на венецијанската комисија. По Брисел денеска и Вашингтон со јасна порака препораките за тн. закон за бомби и свиркачи да станат дел од законите пред да се распушти Собранието, пренесува 24 Вести.

USEmbassySkopje

Амбасадата ќе продолжи да ја охрабрува Владата за измени на законите за приватност и за свиркачи за да ги вметне препораките од веницијанската комисија пред Собранието да се распушти на 7 април.

Од Владата без коментар за пораката на амбасадорот Џес Бејли.

Само 12 дена им остануваат на политичките партии да ги имплементираат забелешките на Венецијанска комисија. Доколку изборите се одржат на 5 јуни, Собранието ќе се распушти на 7 април, што значи дека ако дотогаш не се имплементираат препораките од Венецијанската комисија, нема да бидат преточени во законски норми.

Венецијанската комисија препорача сериозна ревизија на Законот за заштита на приватност. Во објавениот текст со мислење Комисијата при Советот на Европа предлага дека законот треба да дозволи да продолжи објавувањето на материјали кои се од јавен интерес и притоа попрецизно да се разграничи каде завршува јавниот, а каде почнува приватниот интерес.