The Independent излезе за последен пат на хартија

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Изданието кое е основано во 1986 година, останува само на интернет20160326.qldraofvab

Од денес па натаму The Independent веќе ќе излегува само на Интернет, објавија новинари од медиумот на сајт. Весникот ќе го прекине своето постоење на хартија поради нискиот тираж и загубите кои се натрупуваат. Весникот почна да излегува во 1986 година, кога негови основачи стануваат тројца новинари од “Дејли телеграф”. Во почетокот се оди добро, но пред 90-тите години работите почнуваат да се влошуваат. Финансиски потешкотии и намалување на тиражот стануваат постојана грижа на издавачите. Затоа во 2010 година изданието е купено од рускиот бизнисмен Александар Лебедев за 1 фунта.Но и парите на Русинот не помагаат и принт  изданието веќе е историја.