(ВИДЕО) СЈО отвора нова истрага за случајот на Љубе Бошковски

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поведе истражна постапка под име „Тортура“ за случајот со апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски.

28133golema

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска на прес конференција во Специјалното јавно обвинителство информира дека се осомничени седум лица, а првоосомничен е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање С.М. Станува збор за дело казниво по член 143 од Кривичниот законик, а се однесува на начинот на изведување на апсењето, а не на судската постапка.

Претходно во воведот специјалната јавна обвинителка Катица Јанева објави дека оваа недела СЈО ги презема и предметите за Маѓар Телеком, случајот на поранешниот прв разузнавач
Зоран Верушевски за и неговиот син Горан Верушевски.

Како што рече Јанева, предметите се во согласност со Законот за СЈО и содржината на овие предмети се однесуваат на надлежноста на СЈО за недозволено следење комуникации./МИА