(ВИДЕО) Новинарските организации ги враќаат медиумските реформи во парламентот

од desk3
99 прегледи

 

Пет новинарски и медиумски организации денеска во Собранието го доставија Предлогот на европскиот медијатор Питер Ван Хауте за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

naser-i-tamara2-860x672

Предлогот од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКЦ), како што изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани, е добра основа за вовед во медиумските реформи во Македонија.

– Иницијативата ја поднесуваме до сите пратеници на Собранието на РМ со цел да продолжи дебатата за медиумските реформи откако пропаднаа разговорите меѓу потписниците на Договорот од Пржино, изјави Селмани по доставувањето на предлогот.

Очекуваме, посочи Селмани, поддршка од сите пратеници, а претседателот на Собранието итно да закаже седница на која ќе се расправа за ова прашање. – Очекуваме за иницијативата да се разговара темелно и транспарентно со вклученост на сите медиумски организации за да дојдеме до најдоброто можно решение, рече Селмани, посочувајќи дека петте новинарски и медиумски организации остануваат посветени на усвојување на медиумските реформи, кои, како што рече, не подразбираат само законски измени, туку и нивна ефективна имплменетација.

Фидел Кастро: Не ни се потребни никакви подароци од САД

Претседателот на ЗНМ најави дека ќе продолжат да лобираат меѓу пратениците и пратеничките групи за поддршка на иницијативата. – Не би сакал одсега да тргнеме со скепса дека нема да го поддржат. Веруваме дека ќе го поддржат, наведе Селмани, одговарајќи на новинарско прашање.

Во предлогот што го доставија, како што информира, нема решение за регулација на интернет порталите.

– Нашиот став е многу јасен дека не поддржуваме таква регулација. Како и секаде во Европа, така и во Македонија, интернет порталите се дел од Советот за етика и мислам дека преку саморегулација тоа прашање е адресирано, така што нема потреба од дополнително медиумско регулирање во тој дел од медиумите, рече Селмани./МИА