Уште три дена истекува рокот за легализација на дивоградбите

од desk4
87 прегледи

Уште три дена граѓаните имаат рок да поднесат барања за легализирање на дивоградбите. Во четврток е последниот термин кој беше пролонгиран за да им се излезе во пресрет на граѓаните.

-Upload--Vesti-05112012145724divogradbi2_2014619132144

За поднесување на барање потребни се следниве документи: имотен лист за земјиштето на кое е објектот, сметка од струја или вода платени до фебруари 2011 година, фотокопија од лична карта, пополнет образец за понесување на барањето и уплата од 300 денари.

Услов за да се легализира дивоградбата е објектот да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. Оние што поднеле такви барања во 2011 година треба да изготват геодетски елаборати и да ги достават до крајот на годинава, додека за новоподнесените барања рокот за елаборатите е до крајот на 2017 година.

И компаниите со инфраструктурни објекти, оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура ќе можат да поднесат  барања за легализација до четврток. Сите барања се поднесуваат во општините под кои се водат објектите. Поради кусиот рок,а во истовреме зголемен обем на работа, подрачните единици имаат продолжено работно време.

Над 147.000 диво изградени објекти биле легализирани откако почна овој процес во 2011 година.Во претходниот рок, до 3 септември 2011 година беа доставени вкупно 360.000 барања за легализација на дивоградби.