Грција испраќа преведувачи и монтира звучници на македонската граница

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Причината се неточни гласини во врска со отворањето на “Балканскиот пат”

бег

Грчката Влада почнува да испраќа преведувачи и да монтира звучници на македонската граница, за да ги предупреди бегалците за присуството на лажни гласини во врска со отворањето на “Балканскиот пат”, пренесува “Дојче Веле” . Границите на трасата треба да останат затворени.“Ние се обидуваме да го зголемиме напорите за комуницираме со бегалците и мигрантите на сопствениот јазик и без посредник”, изјави портпаролот на комитетот за бегалската криза кон грчката Влада. Тој го осуди “неодговорните гласини и дезинформациите” кои се “шират како шумски пожар меѓу луѓето кои се под притисок и живеат во многу тешки услови”. Лага е дека балканскиот пат повторно ќе биде отворен.