(ВИДЕО) Ген. Ангелов: Пуштете го Љубе во спротивно работите ќе тргнат во несакан правец

од desk3
98 прегледи

Доколу најдоцна за три дена претседателот на Обединети за Македонија (ОМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски не биде ослободен од затвор, партијата ќе ги радикализира протестите, најави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки.

1936114_626857750804753_3601252156294899522_n

Тој изјави дека трпението на членството и поддржувачите на партијата е при крај и доколку директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски не го потпише решението за ослободување на Бошкоски, против него ќе поднесат кривична пријава за продолжена тортура.

– Праќаме јасна порака до директорот на затворот Живко Пејковски, веднаш и без одлагање да го потпише решението за ослободување на Љубе Бошкоски, кој незаконски и без основ го држи во заточеништво повеќе од три недели – рече Милососки.

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој присуствуваше на прес-конференцијата, рече дека ако Бошкоски не биде веднаш осолободен работите ќе тргнат во несакан правец.-Ангелов1

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека отвара истражна постапка под кодно име „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски во ден по изборите во 2011 година. Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој според СЈО бил нарачател на апсењето. Останатати шестмина осомничени се припадници на мобилната полициска едница „Алфи“.

На Бошкоски во јуни му истекува петгодишната затворска казна за случајот „Кампања“, но, загласно прописите тој може да биде ослободен 90 дена порано.

 

МЕТА