30 дена притвор за Грујевски, началникот на УБК кој го сомничи СЈО

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Првоосомничениот во предметот „Тврдина“ на специјалното јавно обвинителство, началникот на УБК, Горан Грујоски доби притвор во траење од 30 дена.Јасна беше одлуката уште кога неговите адвокати порано излегоа од судот, а обвинителите на СЈО најавија дека не се откажуваат.лисици и суд

Грујоски, вечерва со силно полициско обезбедување веднаш е однесен во истражниот затвор  Шутка во Скопје

Неговиот распит кој почна во Апелациониот суд, па продолжи во основниот суд Скопје еден траеше скоро 10 часови.

Началникот на одделение во УБК, Горан Грујоски според СЈО заедно со уште четворица се осомничени дека уништиле системи за следење во МВР на отпад за старо железо, веднаш по објавувањето на “бомбите“.Тоа е посочено како уништување на доказен материјал, и злоупотреба на службена должност.

СЈО побара притвор само за Грујоски, додека за останатите, меѓу кои уште еден началник и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска бара мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи.