Демократската унија за интергарција (ДУИ) нема да гласа за измените на Законот за кривична постапка (ЗКП) ако не биде постигне политички конзенсуз меѓу најголемите политички партии.

Ова го најави потретседателот на Собранието Рафиз Алити со што се намалуваат шансите овие измени да се изгласаат во Парламентот пред неговото распуштање. Од ДУИ велат дека ако измените на ЗКП не ја добијат поддршката и од опозицијата, тие нема да ги поддршат предложените измени.
Се уште не е јасно зошто оддеднаш ДУИ така нагло сврте кон лево и се повлече од поддршката за овие измени, иако еден од предлагачите на овие измени беше пратеникот на ДУИ Муса Ибраими, заедно со пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Светлана Јакимовска. За да се изгласаат измените на Законот за кривична постапка е потребно за нив да гласаат 82 пратеници, што е многу тешко да се постигне ако за нив не гласаат пратениците на ДУИ.
Пратеничката група на СДСМ е против предлогот за измени на Законот за кривича постапка, бидејќи сметаат дека тоа се прави по најавите на Специјалното јавно обвинителство за отворање на неколку предмети во кои се замешани високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера Амбасада на САД на Македонија соопшти дека е изненадена од иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за измени во Законот за кривична постапка. На социјалната мрежа Твитер, од амбасадата наведоа:
„САД со години ù помагаат на Македонија во врска со Законот за кривична постапка. Работната група има многу препораки. Затоа се изненадени од предложените амандмани. Зошто сега? Зошто се брза? Зошто само овие промени?“ .