Хашкиот трибунал прогласи дека лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ не е виновен за злосторства против човештвото.Судот го ослободи Шешељ по сите 14 точки од обвинението.

Доказите покажуваат дека соработката со Слободан Милошевиќ била околу тоа да се бранат Србите или да се зачува Југославија, а не да се извршуваат злосторства. Обвинителството не успеа да докаже постоење на здужено злосторничко движење, а исто се отфрла и одговорноста на шешељ за прогонства на население. Советот едногласно утврди дека Шешељ не е одговорен за извршување на присилно преместување како злосторство против човештвото.
Изрекувањето на пресудата ја чита претседателот на Претресниот совет, судијата Жан Клод Антоанети, кој потсети дека Хашкото Обвинителство тврди дека Шешељ учествувал во здружен злосторнички потфат со Слободан Милошевиќ, со воени и паравоени сили.
– Главната улога на Воислав Шешељ била ширење омраза и регрутирање доброволци кои се испраќани на терен, па интегрирани во српските сили кои дејствувале во БиХ и Хрватска, наведе судијата и потсети дека по сите точки Шешељ се изјасни дека не е виновен и оти се бранел сам, без бранител.
Советот оцени дека плановите за Голема Србија биле политички, а не злосторнички мотивирани. Советот вели дека не е расветлен поширокиот контекст на „голема Србија“, бидејќи толкувцањето на обвинителите ја замаглува хронологијата на настаните или ја искривува.
Советот смета дека Обвинителството не понудило доволно докази да се утврди дека извршувањето на следните казнени дела – убиство на несрепско население на ридот кај Сараево, мачењето кај Герина клаоница и злосторства во Вуковар. Советот утврди дека немало разорување кое не е оправдано со воена нужда./МИА