Ушковски ги избрка новинарите од прием

од desk3
149 прегледи

 

Претседателот на судскиот совет Бранко Ушковски се покажа како лош домаќин на Денот на правосудството. Откако го прочита обраќањето до гостите, одби да одговара на прашања за огромните проблеми со кои се соочува судството-јави Алсат.

machkich_-_sudski_sovet

На новинарите им беше покажана вратата и беше наредено да го напуштат Судскиот совет. На одбележувањето беа поканети актуелни и поранешни членови на Судскиот совет пред кои Ушковски го испофали судството. За критичарите на судската фела рече дека постапуваат под менторство на одредени центри на моќ.

„А, тоа е особено изразено преку правење на конструкции и инсинуации во судството. И кои, се разбира, им се наменети за дневно – политички потреби. За дефокусирање на јавноста и за разни други поводи и цели кои се насочени за намерно, за жал, уривање на целокупниот судски систем во кој очигледно истите и најдобро се снаоѓаат“, рече Ушковски.

ДЗЛП и забрани на ДИК да го објавува списокот на неконзистентни записи

Токму Бранко Ушковски и неговата колешка – екс претседателка на Советот Александра Зафировска, која беше денеска на приемот, се спомнуваат во бомбите на Зоран Заев. За Ушковски разговараат Јанкулоска и Велјановски, кои го токмат за прв човек на Советот затоа што доаѓа од општински комитет на ВМРО ДПМНЕ и дека нема соодветни квалификации за функцијата. Зафировска пак на снимките е во постојана комуникација со високи функционери од партијата на Груевски и ги информира за изборот на судии. Ни министерот за правда Аднан Јашари не спомена ништо за независноста на судството и тефтерот на Јанкулоска кој се споменува во бомбите.

Повеќе ТУКА