Затоа ли Темида е со преврска на очите?

од desk3
83 прегледи

 

Воислав Шешељ беше и останува вистински проповедник на омраза. Но од денес тој е слободен човек. Процесот против него во Хаг стана фијаско за правдата и правичноста, пишува DW.

Во пресрет на објавувањето на пресудата многумина шпекулираа дека ако Воислав Шешељ доби пример 19 години затвор, тој ќе биде слободен човек. Бидејќи речиси сите осудени тука биле ослободени, откако одлежа две третини од казната.

0,,19155793_303,00
Воислав Шешељ беше и останува вистински проповедник на омраза. Неговиот јавен изглед и неговите политички активности можат да се искажат со две дефиниции – етнофаулизам (зборување со негативни екзоними) и јазикот на омразата. Морално и политички тој подготви патот кон етничките чистки и беше еден од најдобрите громогласни идеолози на Голема Србија. И покрај тоа од денес тој е слободен човек. Зошто?

(ВИДЕО)Шешељ: Благодарност до двајцата чесни судии, идејата за голема Србија е бесмртна

Воислав Шешељ му се предаде на Хашкиот трибунал во 2003 година. На судиите им требаа цели 13 години, за да го завршат случајот. Ако направиме посетување на овие 13 години, спокојно можеме да ги наречеме фијаско на правото и правдата. Воислав Шешељ не беше обвинет за поттикнување на омраза. Меѓународното право се уште не стигнало дотаму и не познава вакво злосторство. Наместо тоа, тој беше обвинет за работи со кои отвореното слабо и недоследно обвинение така и не можеше да се докаже – директна одговорност за воените злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина меѓу 1991 и 1993 година.
Како дојде до ослободувањето?

Пред година и пол претрупани од работа судии од Хаг, го вратија Шешељ во Србија, тајно надевајќи се да не го видат повеќе. Тој беше тешко болен од рак. Но како што е познато, многу болни ги надминаа здравите. Хашкиот трибунал дури не инсистираше пред владата во Белград да ги врати Шешељ назад во Холандија, ако тој биде осуден од Трибуналот. И во моментов Шешељ смело води предизборна борба во Србија. А судот во Хаг е дел од неговата предизборна стратегија: на предизборни плакати под сликата се чита: “Победникот”. Пораката е повеќе од јасно: Шешељ ги стави на колена сесилниот запад и антисрпската правда. И Србите гледаат добро во оваа порака.

Шешељ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата и на тој начин само уште еднаш се исмеја на судиите. Ослободувањето сега ќе ја окрили неговата партија пред изборите на 24 април.
Изненадувачки многу луѓе можат да се радуваат на излезот од овој процес против Шешељ. Најмногу се радуваат, се разбира, неговите сопартијци. Бидејќи тој сега реално има можност да ја изведе својата Српска радикална партија, која неодамна изгуби голем дел од својата популарност, до трета политичка сила во земјата. А неговите меѓународни пријатели и браќа по дух, како Владимир Жириновски и Жан-Мари Ле Пен, сигурно се воодушевени. Повод за радост имаат и хрватските, како и другите несрпски националисти. Проповедникот на омраза Воислав Шешељ е дефинитивен доказ дека деведесеттите години – деценијата што ќе го запаметиме со војните во поранешна Југославија – уште долго ќе останат живи во умовите на луѓето.

Задоволни ќе бидат исто и двајцата поранешни обожаватели на Шешељ – српскиот премиер и претседателот на земјата. Нивниот поранешен гуру не остава никакви шанси во десницата на двајцата конвертирани Европејци со нивниот “цивилизиран национализам”. Најверојатно и во Хаг се радуваат дека конечно избегале од еден “дух”.

“Победа”

Губитници се сите оние кои ја доживеаја на свој грб насадената од Шешељ омраза. Босанските и хрватските жртви на неговите партиски милиции “Белиот орел” едвај ќе покажат разбирање за кривењето на меѓународното право и огромните жртви.

Светот веќе си има други грижи. И агресивниот политичкиот кловн Шешељ не треба повеќе да стапне во Хашкиот трибунал. Ослободувањето ќе биде запишано кон имотот за распродавање по банкротот на тој суд, преоптоваруван со многу дела. И има некаква многу длабока симболика во тоа што од средниот век божицата на правдата Темида е насликана со преврска на очите.