ДИК ќе го повлече Избирачкиот список од интернет

од desk4
99 прегледи

dik_sednica

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на  седница одлучи да го имплементира барањето на Дирекцијата за заштита на лични податоци, оносно ги повлекува од јавен увид на интернет Избирачкиот список со вкупниот број гласачи како и Списокот на неконзистентни записи, кој опфаќаше 89.000 спорни гласачи.

Донесена е одлука да се поднесе тужба пред Управниот суд со образложение дека повлекувањето на Избирачкиот список е во спротивност на Изборниот законик.

Претходно, Дирекцијата за заштита на личните податоци донесе дверешенија откако по службена должност изврши вонреден инспекциски надзор во ДИК по однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб-страница.

Дирекцијата за заштита на лични податоци утврди дека во Изборниот законик членот 55 став 1 предвидува дека личните податоци содржани во Избирачкиот список се заштитени со закон и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на избирачкото право на граѓаните.

Ова според Дирекцијата е прекршено бидејќи со овозможувањето електронски пристап до името и презимето и адресата на сите избирачи преку интернет за неодреден период, постои ризик личните податоци да бидат употребени и за други цели.