
Министерот Оливер Спасовски во вечерашното интервју во емисијата Вин Вин со Оливера Трајковска откри дека со проверката биле откриени уште тројца на началнички функции во СВР Куманово кои приложиле фалсификувани дипломи.
Трајковска потврди дека е автентична аудио снимката од нејзин разговор со Орце Камчев на Јутјуб на каналот на анонимниот „Никола Тесла“ и го праша министерот што ќе превземат во врска со објавувањето на таа снимка од приватен разговор.
Спасовски одговори дека е отворена истрага и заедно со јавното обвинителство работат на случајот.