Сè што треба да знаете за Први април, светскиот ден на шегата

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Среќен ден на шегата!bd8e460816af28edb4c8eb04380dae7e

На првиот ден од месец април со многу насмевки го славиме Меѓународниот ден на шегата, забавата и лагата. Никој не знае точно каде, кога и зошто го поставил својот почеток празникот.

Една од најпопуларните теории за потеклото на Денот на шегата  ги вклучува француските календарски реформи во XVI век.
Според историјата, во 1564 година Франција го реформира својот календар, преминувајќи од Јулијанскиот на Грегоријанскиот. Според Јулијанскиот календар на 1 април се пречекува новата година.
Затоа со промената на календарот многу Французи одбиле да го прифатат 1 јануари за првиот ден од новата година и продолжиле да ја слават на 1 април.

Традиционално 1 април е исполнет со многу насмевки, забавни приказни и лаги.
Еве како треба да е пречекан во некои делови на светот.

Индија – Таму празникот почнува на 31 март и освен што поминува со многу шеги и закачки, луѓето фрлаат боја во прав, со кој се ставаат шарени обрасци и на лицата, верувајќи дека така го означуваат почетокот на пролетта. Прифатено е да се разменат мали подароци.

Франција – Празникот е наречен уште Poisson d’Avril и на него најмногу се забавуваат децата. Традиционално учениците залепуваат цртежи на риба на грбот на нивни соученици и чекаат шегата да биде откриена.

Данска – Данците имаат два дена во годината, во кои оддаваат посебно значење на шегата. Тоа се 1 април и 1 мај.

Португалија – Таму има обичај луѓето да фрлаат брашно еден кон друг.

Англија – Во Англија секој кој е измамен на 1 април, еисмејувани и нарекуван “априлски будала”. (aprils fools)

Македонија – кај нас се традиоционални првоаприлските маски. Се организираат маскенбали, карневали, но не се пропуштаат и многубројните потсмешливи лаги и закачки.

Шегите на 1 Април мора да создаваат забава и да бидат со добри намери. Забавувајте се!