Груевски нема коментари и кисело се смее?

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се покисело се смее на  промо настапите  и кампањата  на кои  мора да се слика. Онаа премиерската позиција се повеке како да избледува. Некако таков впечаток имаат и неговите сопартијци и публиката која под принуда и списоци  мора да доаѓа и да му апалаудира. Новинарските екипи кои постојано го следат , велат дека кадарот на камерите се повеќе е стегнат , стиснат и  за режијата и претставите се почесто  недостасуваат  суфлери.Екс премиеорт освен ветувањата исто така бега од коментарите му фали концетрација или се вади со тоа ..вчера изјавив чујте си , порано реков ,сега е тематски…!?grujo(17)

На пример на  отворањето на помошен објект за Државниот Архив и на министерството за внатрешни работи во Куманово, рече дека одлуката на ДУИ за ги повлече министрите од Владата е внатрешна партиска работа и тој нема намера да ја коментира.

– Немам некој посебен коментар. Се работи за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал – рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Одговарајќи на прашањето дали сега ќе следи создавање нова влада, Груевски порача дека следуваат избори и оти граѓаните се тие кои ќе оценат која и каква влада треба да се состави во иднина.