Минипапамобил се продаде за 300 000 долари

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Користениот од папата Фрањо “Фиат 500” беше продаден за 300 000 долари на аукција во Њујорк, пишува АФП.4744457

Фрањо се превозуваше со непретенциозното возило за време на посетата на американскиот мегаполис минатиот септември. Реално папата користи два црни “Fiat 500 Lounge”, за да го спознае Големото јаболко.

Едниот од нив е продаден сега, а постигнатата цена е 12 пати поголема од пазарната. Победникот во наддавањето е бизнисменот-милионер Милес Надал, кој има збирка од над 130 автомобили и мотоцикли, гласи информацијата на аукцискиот сајт “Charitybuzz”. Заработката од продажбата ќе биде донирана на католички училишта и други добротворни каузи на њујоршката епархија, како и на меѓународни каузи на Ватикан.

Вториот мини-папамобил исто така ќе биде искористен за прибирање финансиски средства, но конкретните планови сè уште не се јасни. “Charitybuzz” проценува практично новата кола со стаклен покрив и специјални седишта на 82 илјади долари.

Таква цена достигна друг “Фиат” употребен од папата при неговата посета во Филаделфија. Стандардната цена на “Fiat 500 Lounge” во САД е 24 695 долари, пишуваат уште од аукциската сајт.