Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица.

– Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите – споменици на култура. Во Струмица ќе почнеме од старата чаршија на два објекта. Проектите се веќе готови. Добивме конзерваторско мислење од Управата за зашштита на културното наследство. Следната недела, Завод и музеј треба да го распише тендерот, рече Канческа – Милеска.
Овој проект го најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска беше во Струмица.