Како светската елите перела и затајувала пари? Путин сокрил имот од 2 милијарди евра

од desk4
104 прегледи

Протече најголемата дата база на податоци за компании досега со податоци од Панама која обелодени  фирми и финансиски тајни на светски лидери, политичари, јавни службеници, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот .

848771-400xNone

Адвокатски фирми и финаскиски консалтинг компаниии им помагале на овие луѓе да перат пари и да кријат имот ширум светот.

Според овие документи  претседателот на Русија Владимир Путин сокрил имот вреден 2 милијарди евра преку фирми и зделки во Панама.

Премиерот на Исланд кој во моментов се соочува и со предвремени избори  и за него се откри дека и тој криел имот во офшор земјите.

Меѓу нив е и еден од најпознатите светски фудбалери,  Лионел Меси. Според истражувањето парите ги скрил заедно со неговиот татко Jorge Horacio преку фирмата Мега стар ентертејменс.

Меѓу затајувачите е и претседателот на  Украина, кралот на Саудиска Арабија, децата на претседателот на Азербејџан и многу други. За тежината на оваа протечена база на документи говори и фактот дека вечерва по објавувањето премиерот на Велика Британија Дејвид Камерун најави организирање на итен Самит на лидери на кој ќе се разговара за опасностите и заканите од концептот на офшор држави.

Гардијан во соработка со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), составен од над 80 земји, објави документи од над 140 офшор компании од Панама.