Собранието ќе ги констатира оставките- Кои се министрите на ДУИ?

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ и, како што се очекува, да ги избере новите министри што синоќа ги предложи партијата.дуи

Врз основа на едногласната одлука на Централното претседателство на ДУИ, како и своите статутарни надлежности, претседателот на партијата Али Ахмети одлучи да предложи сосема нови кандидати за министри, соопшти ДУИ.

Фестим Халили е предложен на местото заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Беким Максути е предложен за заменик министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.

Претседателството на ДУИ во четвртокот одлучи сите нивни министри и заменици да поднесат неотповиклива оставка, а за сите понатамошни чекори околу учеството на партијата во Владата да решава партискиот лидер Али Ахмети.

Во петокот оставки до Владата поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците-министри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.

Согласно собранискиот Деловник, Парламентот на пленарна седница само ги констатира оставките. Можно е новите министри на ДУИ да бидат избрани во рамки на денешната 98. седница на Собранието, со дополнување на дневниот ред.

ВМРО-ДУИ и битката за тронот ..оставки, марионети и етничката карта на Ахмети !

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Владата до денес нема пристигнато најави или информација за промени на министрите од редовите на партијата и коалицијата за Подобра Македонија која ја предводи Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ али гријцо

Експертската јавност засега го чека следниот чекор  за овој договорен потег  на Груевски и Ахмети,  и оваа ротација на едни министри со други послушници, кратко го коментира како нови  марионети на политиките на Груевски и Ахмети.

Распуштањето на парламентот најавено за среда  е клучната приказна. Викендов партиите имале консултации со меѓународната заедница,дознава Локално.мк, а  за денеска се очекува да биде соопштен ставот и упатена пораката. Извесно е дека ДУИ во наредните денови  ќе настапи  и испорача многу тврди барања  и ќе инсистора на  нови политички и ситемски отстапки. Ќе има тука и една од трите државни позиции ,ќе има прекројувања и ќе се враќа етничката и национална карта, се со цел да се врати довербата кај гласачкото тело и изгубената поддршка за Ахмети. ДУИ стои катастрофално на терен и нејзините гласачи особено од Скопје, порачуваат дека ќе гласаат за СДСМ, наместо за ДУИ или ДПА.

Незадоволството од владеењето на Ахмети  е големо , но странците изгледа нема да  сакаат да го жртвуваат послушното ДУИ, кое е добро и за војни и за мир.

НЕ е исклучено дека одлагањето на изборите ќе биде токму по одлука и барање на ДУИ, и дека на тоа се согласува и ВМРО ДПМНЕ , само  за да не го загуби колиционирањето со Ахмети и ДУИ, бидејќи само така Груевски го гледа својот спас и опсатнок на политичката сцена и евентуално задржување на тронот.