Грчката влада не му е виновна на Иванов што не е информиран !?

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска преку соопштение реагираше на интервјуто на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов за грчкиот весник „То Вима“.ивановв

– Грчката Влада не е надлежна да му ги обезбеди потребните информации на претседателот на ПЈРМ. И секако не е одговорна за тоа што тој не е информиран за состојбата на односите меѓу двете држави, се вели во кусото соопштение на портпаролот на Министерството Константинос Кутрас објавено „како одговор на новинарите“, не прецизирајќи притоа на кој дел од интервјуто се однесува.