„Унитети“ до собранието поднесе предлог за промена на Уставот

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Лидерот на партијата “ Унитети ”, Гзим Острени денеска покрена граѓанска иницијатива за измената на уставот на Македонија.

Острени истакна дека поради тоа што годините после конфликтот во 2001 година потврдиле дека Албанците не се рамноправни граѓани со Македонците, тие до собранието поднеле предлог за промена на Уставот на Република Македонија.

gzimostreni

 

– За остварување на нашите цели пристапивме кон предлог за промена на Уставот на Република Македонија. Бараме измена на преамбулата, службена употреба на Албанскиот јазик и неговото писмо во РМ, избор на Претседател на државата од страна на Собранието, реорганизација на начинот на избор и надлежности на Комитетот за односи меѓу заедниците, донесување на уставна одредба за усвојување на одлуките на Уставниот суд, измена на организацијата и функционирањето на локалната самоуправа и рамонправно распоредување на државниот буџет, вели Острени.

Унитети денеска предале граѓанска иницијатива за уредување на одредени прашања кои го гушат демократскиот развој на нашето општество и држава, но исполнување на условите, според Острени е речиси невозможно.