(ВИДЕО) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се фатени во нова игра, не дозволувам манипулации со Избирачкиот список!

од desk3
80 прегледи

Сакам да порачам дека не дозволуваме никакви малверзации со изборниот процес!
Овие избори мора да бидат кристално чисти, фер и регуларни!
Денеска ќе објавам еден од последните потези на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што потврдуваат дека власта прави се, фер избори во Македонија да нема.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови кои треба да ги внесат податоците од теренската проверка на Избирачкиот список, во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија.

-ДПМНЕ-и-ДУИ-се-фатени-во-нова-игра-не-дозволувам-манипулации-со-Избирачкиот-список
Министерката Арсовска Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле лица вработени во Министерството, кои тие самите ги избрале, да го вршат внесувањето на податоците.
Ова е спротивно на Договорот од Пржино и спротивно на Законот за Влада!
Еве го писмото од ДИК адресирано до министерката Арсовска Томовска, до мене како дополнителен заменик министер и до државниот секретар Јахија, со кое што ДИК во петокот побарала кадри од МИОА за внесување на податоците од теренската проверка во 8 подрачни одделенија во Скопје и државата.
Арсовска Томовска и Јахи Јахија сами ги составиле тимовите.
Спорно е и тоа што ДИК официјално изразува потреба од само 36 лица за 8 општини, а испратени се над 100 лица во скоро сите општински изборни комисии.
Јас како дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација имам обврска да ги детектирам и контролирам сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите, преку кои власта претходно корумпирала избори и таа мисија доследно ќе ја исполнам.
Ја информирам јавноста дека ќе го спречам секој обид за можни неправилности поврзани со кадровски прашања, тесно поврзани со изборите.
Со цел да спречам евентуални малверзации, а и да ги поштедам вработените од МИОА од непријатната ситуација во којашто ги ставија Арсовска Томовска и Јахија, барам повлекување на тимовите составени во координација ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ.
Инсистирам на двојна контрола при внесувањето на податоците поради што ќе побарам итен состанок со министерката и државниот секретар.
Укажувам на ДИК дека испратените тимови не се составени според обврската од Договорот од Пржино, списокот нема мој потпис, поради што барам на овие тимови да не им биде дозволено внесување на податоците од теренската проверка додека не се обезбеди побараната двојна контрола.
Уште еднаш потенцирам, јас како дополнителен заменик министер во МИОА сум единствено во функција на граѓаните на Република Македонија, спречувајќи преку ова министерство да се корумпираат избори. Таа моја мисија, во целост ќе ја исполнам.