Бејли: Кредибилни избори, СЈО, реформите во медиумите- половични мерки ќе ја загрозат поддршката за НАТО

од desk3
88 прегледи

Кредибилни избори, работата на СЈО, реформите во медиумите се дел од трите области на кои Македонија треба да дејствува за земјата да оди напред-изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли за време на своето обраќање по повод Денот на НАТО во Домот на АРМ.

bejli_intervju

Бејли потсети и на тоа што го кажал и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на неодамнешните средби со македонските лидери, дека е витално да ги спроведат своите обврски од Договорот од Пржино и да ги имплементираат реформите кои се потребни за изборите.

„Кредибилни избори, работата на СЈО, реформите во медиумите и други области. Заедно тие испраќаат стратегиска порака на вашите идни НАТО сојузници за вашата посветеност на вредностите на Алијансата. Меѓутоа полу мерките ја испраќаат спротивната порака и може да ја поткопаат поддршката. Така да овие три области, односите со Грција, одбранбените можности и демократијата и владеењето на правото, нудат можности и се признание за многуте предизвици околу нас. Мојата порака е многу едноставна-искористете ги овие можности“, рече Бејли.

„Унитети“ до собранието поднесе предлог за промена на Уставот

Тој додаде, дека е добро што Македонија и Грција ги зголемуваат контактите во однос на спорот со името, а мигрантската криза ја потенцирала потребата за поголема соработка.

„Така што сега има развој на настани и нема подобро време за да се одврзе јазолот за тоа прашање, а САД, ОН и другите пријатели се подготвени да асистираат во вашите и во напорите на Атина“,посочи Бејли.