(ВИДЕО) Симулатор на смртта покажува како е да умреш

од desk3
141 прегледи

Атрактивниот Симулатор на смртта ги отвори вратите во Шангај, целта му е посетителите да ја доживеат сопствената смрт, кремирање и воскреснување, пишува “Дејли мирор”.

download (1)
Стотици мераклии ја преполнија мрачната инсталација, чиј влезен билет чини 68 долари. Учесниците можат да ги напишат последните зборови “пред да умрат” и да си го однесат дома погребниот сувенир.

Основачот на атракција Дин Жуј истакнува дека луѓето не секогаш добро ја разбираат смртта. Да кажеш збогум на овој свет е една доста комплексна и тешка задача. Посетителите можат да ги доживеат како радостите од раѓањето, така и тешкотиите на смртта. Тие се “убивани” и “кремирани”,а потоа “воскреснуваат”.