Точно напладне гласање за политичките полетарци, министри на Ахмети

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Денеска точно напладне , во парламентот , пред пратениците  предлогот за избор на членови на Влада на Република Македонија и Предлогот за именување заменици министри. Тие  се на дневниот ред на денешната 100-та собраниска седница.Политичките полетарци  и анонимуси на Ахмети , како што веќе ги нрекуваат,  влегуваат на сцената , исто како во фудбалот  кога  се прават измени во 90 минута, за  да го потрошат времето на играта на мечот ДУИ&ВМРО ДПМНЕ – СДСМ

собрание-520x350

Познато е со одлука на претседателството и ЦО на ДУИ, лидерот  на партијата Али Ахмети ги доби сите овластувања да за сите понатамошни чекори околу учеството на партијата во Владата.

Ахмети во неделата ги соопшти имињата на кандидатите за нови министри и заменици министри.

Според предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, нов заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања ќе биде Арбр Адеми, Фестим Халили – заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери – министер за правда, Пиштар Лутфиу – министер за образование и наука, Дритон Кучи – министер за економија, Башким Амети – министер за животна средина и просторно планирање, Ширет Елези – министер за локална самоуправа.

Агим Нухиу треба да дојде на местото заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.

Предложените кандидати доаѓаат на местата на досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами, кои поднесоа неотповикливи оставки во петокот, откако ден претходно таква одлука донесе партиското раководство на ДУИ. Оставките им ги костатираше Собранието вчера на почетокот на 98. седница.

Се работи за главно млади луѓе, универзитетски професори или функционери во кабинетите на досегашните министри.

По изгласувањето на новите министри на премиерoт Димитров , а по налог на двоецот Груевски- Ахмети, Собранието ќе продолжи тековно нели на ден пред распуштање  ќе ја одржи 98-та седница на која пратениците ќе расправаат по Дополнетиот предлог закон за нотаријатот и на законот за извршување.

Пратениците, како што е најавено, ќе расправаат и по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за јавните патишта, на Законот за сигурност во железничкиот систем и на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.

На агендата се и предлог-законите за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, на Законот за туристички развојни зони, на Законот за шумите, како и на Законот за персоналниот данок и на Законот за здравственото осигурување.