Државата се задолжи за нови 10 милиони евра на аукции на државни записи

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Државата, од банките и други домашни извори, денеска зема нови 10 милиони евра. На четирите закажани аукции на државни записи и обврзници, според соопштението на НБРМ, се бараа околу 12 милиони евра, но беа продадени хартии од вредност на три од нив.

Од надлежното министерство објаснуваат дека клиентите и банките биле заинтересирани само за едно годишните записи и за 10 годишните обврзници.

pari-denari

За 12 месечните записи,банките понудија 8,8 милиони евра а останати клиенти на двете аукции на 10 годишните обврзници, понудија вкупно 1,25 милиони евра.

Вчера државата врати 4,8 милиони евра стари долгови, а утре треба да се вратат уште 7,15 милиони евра.

Следната аукција на државни хартии од вредност е закажана за 12 април.