Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и потпретседателот Реџеп Прекопуца денеска беа на консултации кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Средбата следи по синоќешното распуштање на Парламентот и по најавите на Вељаноски дека ќе разговара со ДИК за обврските и роковите што ќе произлезат од распишувањето на изборите.
Од ДИК се интересирале што би се случило, доколку Вељаноски ги распише изборите пред 15 април, а тој побарал од нив да направат симулација со изборните рокови, да му ја достават истата, и врз таа основа, Вељаноски ќе ја донесе најцелисходната одлука.
Ричард Ховит : Квалитетот на изборите е поврзан и со датумот на нивното одржување
Средбата следи по објавуавањето на соопштението на Вељаноски во која пишува дека ќе ги распише изборите на 15 април и повика на фер и демократски избори.
Доцна синоќа, тројцата членови на ДИК од редот на експертите беа на разговори во канцеларијата на Европската унија, но детали од двете средби нема.
