Имигрант зграпчи мало бебе и се обидел да го фрли во морето. Шокантната сцена се разигра на пристаништето во Пиреја, каде бегалците се побунија и тензиите ескалира, пренесува “Мирор” .Новинари, полицајци и други имигранти, се нафрлија врз мажот, во обид да земат детето од неговите раце, и минути подоцна го вратија на мајката .
Според “Катимерини”, мажот во зелена кошула го зграпчи бебето откако полицајци го спречиле да разбие возило.
Сите во кампот, создаден за 4 700 бегалци и мигранти, одбиваат да го напуштат. Откако беше известен генералниот секретар на миграциската политика во Грција, тој ги повика бегалците да го напуштат пристаништето Пиреа, како одговор на тоа имигрантите го блокираа патот.
Над 53 000 се веќе бегалците и мигрантите во цела Грција.
И покрај протестите на правобранителски организации и предупредувањата на агенцијата за бегалци на ОН, Европската унија депортира луѓе од Грција во Турција според потпишаниот минатиот месец договор со Анкара.
