Македонија има највисок економски раст меѓу земјите од регионот, но тој наместо од инвестиции е поттикнат од владините трошења и извозот од странските инвестиции, информира Телма.
Во економскиот извештај Светска банка регистрира нагорна тенденција на зголемување на јавниот долг и високо ниво на долгогодишна невработеност.
Од таму препорачуваат Македонија да ги надмине политичките превирања,да ги рестартира реформите,да го намали дефицитот,сиромаштијата и невработеноста
Пролонгирањето на политичката нестабилност ќе има негативно влијание на растот и на одлуките за инвестирање.Кризата според Светска банка веќе предизвикала поместувања во економијата,па растот е стимулиран од јавната потрошувачка,односно владините трошења кои на крајот од минатата година се зголемиле за 4,6 % но и од извозот од индустриските зони кои немаат придонес во бруто инвестициите.Приливот на СДИ се намали,како и капиталните инвестиции а земјоделското производство забави и покрај се поголемите субвенции, пишува во редовниот економски извештај на Светска банка.
Целиот извештај за состојбата и прогнозите на македонската економија можете да го видите тука
