Тешкиот инцидентот се случил во близина на плоштадот “Таксим”, каде врие од туристи.
Пет-катна зграда се урна спектакуларно во Истанбул само за неколку секунди, предизвикувајќи паника кај случајните минувачи. Инцидентот се случил во близина на плоштадот “Таксим” – популарно место за туристи и жители на градот.
Во видео од инцидентот се гледа како паѓа зградата и удира во спротивната градба, при што минувачите панично реагираат.
Според информации на новинската агенција “Доган” за време на инцидентот во зградата немало никого. Сепак на местото се испратени тимови за реагирање при катастрофални ситуации.
Ова е втор ваков инцидент од почетокот на годинава. Во февруари друга пет-катна зграда се урна во близина на една од најпопуларните трговски улици во Истанбул.
