Ако некој мисли дека на Европјаните парите им ги дал Бог и затоа се богати многу се лаже! А уште ако помисли дека богатството им дошло самото од себе уште повеќе се лаже!
А како станале богати?
Европа станала богата по многу крв и жртви,а од тоа и многу научиле (еве имала среќа со индустриската револуција). Социјални револуции ја треселе Европа низ три векови, Француската буржуаска револуција со 4 републики, Револуцијата на Оливер Кромвел во Британија, низ социјални бунтови во Германија, Шпанија итн… И научиле дека ако сакаш да правиш пари мораш да бидеш и социјално одговорен, да даваш пари за државата да ти прави инфраструктура за бизнисот, да мислиш за животот и здравјето на работниците, но и да бараш одговорност од политичарите ако не ти вршат работа со твоите пари…. Што би рекол нашиот чесен народ – “фрли зад тебе, за да најдеш пред тебе”…

А Европјаните после сето ова си ги ценат парите, па дури и оние кои ги дале на подарок! Да, даваат за развој и на земји во странство како на пример ИПА-фондовите во Македонија… А кај нас брука… прво Ванахуте соопшти дека ЕУ се сомнева дека парите од ИПА се крадат (беше предвесник),а пред некој ден осамна и веста дека ОЛАФ, и официјално отвори истрага за тоа како власта ги трошела парите од ИПА фондовите. Од нивната Од канцеларијата соопштија дека не можат да дадат дополнителен коментар, бидејќи истрагата е во тек. Во оваа фаза на истрагата, како што наведоа, не можат да кажат ни за колкава сума на пари се работи.

На кратко да Ви презентирам кои се ОЛАФ. Нивното “име и презиме” во Европа е Европска канцеларија против измами. Еве што сработиле досега, колку ајдуци прибрале и казниле и колку пари им вратиле на даночните обврзници.
Како резултат од 3 500 истраги ОЛАФ откако е е формирана во 1999 година таа има сработено:
-335 лица добија затворски казни во висина од 900 години
-над 1,1 милијарди € на парите од ЕУ е наплатена (исклучувајќи ги финансиските казни)
– во просек ОЛАФ придонесе за обновување на 100 милиони € годишно.
Резултати за 2012 година:
-94,5 милиони € се вратени за буџетот на ЕУ
-Судови на земји членка на ЕУ издадоа кумулативно 511 години затворски казни – не вклучувајќи дополнителни 70 години условна казна.
Ако направиме споредба со нашата анти-корупциска комисија можеме само слатко да се насмееме… Кај нас не видовме никој политичар да е товарен за криминал,а нели ако гледаме ТВ ние сме економски тигар во светот, а тоа што мигрантиве не сакаат да останат кај нас поради “нашето богатство” тоа е нивен проблем… Нели “сакаат да одат во сиромашна Европа”… Ако нешто можеме да научиме од Европјаниве е дека треба само да се МИСЛИ чесно, а не да се чека на партии и политичари… Ако сакате подетлно да се информирате за нивната работа кликнете ТУКА
Филип Ѓурчиновски

