Рускиот прв дипломат Сергеј Лавров изјави пред експерти во областа на надворешната политика, дека по налог на претседателот Владимир Путин, одделението, предводено од него, почна да работи на промена на надворешнополитичката концепт на Русија.
Изјавата доаѓа на позадината на друга изјава на Лавров од пред неколку недели дека е време политиката на “воздржување” на Русија да оди во архивата и дека голем број држави од НАТО и ЕУ го надувуваат митот за “руската закана”. Во последно време изјавите на претставниците на Москва, покажуваат дека таа се гледа како жртва на русофобската пропаганда која се води против неа од САД и Западот.
Штајнмаер: Г-7 може да разговара за враќањето на Русија следната година
Во исто време премиерот Дмитриј Медведев ја заврши турнејата во Ерменија и Азербејџан, во обид да се смири ситуација во немирниот регион. Според него има многу сили кои внимателно ги анализираат последиците од Нагорно-карабахскиот конфликт и неговото влијание врз ситуацијата како на Блискиот Исток така и во Русија и во обратно влијание на овие процеси на нив. Ова го изјави премиерот Медведев во интервју за една од централните електронски медиуми, и не ја исклучи можноста за разгорувањето на конфликтот меѓу Нагорно Карабах и Азербејџан да има и учество и Турција.
Според Медведев изјавите на Турција не можат да не предизвикаат загриженост. Тој додаде дека наместо Анкара да ја смири ситуацијата и да ги повика учесниците во конфликтот да се вратат на преговарачка маса, таа дала јасни и категорични пораки за поддршка на една од страните – Азербејџан. Руските медиуми потсетуваат на изјавите на премиерот и претседателот на Турција – Ахмет Давутоглу и Реџеп Ердоган, кои во екот на конфликтот најавија поддршката на Анкара за Баку, велејќи дека “Турција е подготвена да го поддржи својот сојузник до целосното ослободување на Нагорно Карабах”.

