Потфрли извозот на јагниња за католичкиот Велигден. Годинава во извозниот шпиц, на странските пазари завршиле околу 114 илјади јагниња од Македонија или 25 илјади помалку од лани истиот период, информира Алсат-М.
Сточарите проблемот го лоцираат во ниската откупна цена, поради што дел од фармерите не ги продале јагнињата
„Годинава имаше проблем со извозот на јагниња поради откупната цена. Откупот почна со цена од 120, потоа се зголеми малку на 145 денари, но за сточарите ова беше ниска цена и дел не ги дадоа јагнињата. Очекувавме цената да се зголеми и да достигне како лани 160 денари за килограм, но тоа не се случи”, рече Меџит Алити, здружение на одгледувачи на овци.
Од друга страна статистичките податоци покажуваат дека бројот на овци од 778 илјади во 2010 година, лани е намален на 700 илјади. Дел од агроекспертите велат дека дел од причините за намалување на извозот падот на бројот на овци, но и погрешната политика за субвенционирање на сточарството.
Повеќе за оваа тема можете да прочитате тука
