(ВИДЕО) Италијански дизајнери создадоа “паметен мебел“

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Италијанското дизајнерско студио Carlo Ratti Associati го претстави проектот на модуларни софи Lift-bit, кои може да се управуваат со мобилна апликација.

Како што пишува N + 1 секој поединечен Lift-bit претставува хексагонална мека софа, чија висина може да се регулира со помош на смартфон и таблет. Одделни модули може да се соединуваат во една или неколку заеднички мебелни конструкции. Висината на секоја софа се прилагодува рачно или со готови поставки. Ако не се користи подолго време, софата почнува да се “досадува” и вклучува произволна промена на висината на модулите.Lift-Bit

Креаторите на “најпаметните софи” нудат тие да се користат за конструирањето на различни видови на мебел, вклучувајќи каучи, кревети, фотелји, а исто така за организирање на просторот кај најбројните настани. Модулите Lift-bit веќе може да се нарачаат. Цената на еден модул е ​​799 евра, а софата од 22 модули ќе чини 14 000 евра.