Перверзија, учител силувал најмалку 10 деца
Овој скандал ја потресе Турција: учител силувал најмалку 10 деца.Судењето сепак се одложува, а причината лежи најверојатно во тоа дека наставникот има работено за исламска фондација, блиска до партијата на претседателот Ердоган. “Доаѓаше ноќе и ме принудуваше да тргнам со него”, раскажува момчето и додава: “Јас се противев, но тој беше посилен “. Ученикот требало да оди во собата на учителот, каде бил силуван. Откако се е завршена, 54-годишниот Мухарем Б. му рекол: “И сето тоа да остане меѓу нас!”. Истите зборови ги слушнале и останатите жртви од училиштето на исламската фондација Еnsar. Тоа не е каква да е фондација, а институција која си постави за цел да шири верски и морални вредности на исламот. Згора таа е блиска до владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Ердоган.
“Перверзиите од Караман”
Откритијата за сексуалните напади извршени од страна на наставникот Мухарем Б. навлекоа публицитет откако еден одслуваните ученици се повери на психијатар. Како резултат на тоа лекарот и родителите на детето поднеле жалба до обвинителството во Анадолу град Караман. Во рамките на истрагата за случајот на обвинителството се пријавија уште девет деца, кои ги потврдиле информациите. Се претпоставува дека уште десетици деца биле жртви на 54-годишниот учител. Некои од присилените момчиња раскажале дека овој ужас го преживеале уште многу нивни соученици. “Од срам и од страв не се решаваат да зборуваме за тоа”, рекол еден од нив. Во меѓувреме сепак цела Турција зборува за скандалот со силувањата во Караман. 54-годишниот Мухарем Б. веќе признал и се наоѓа во притвор. Според информации во турските медиуми, процесот против него би требало да започне уште овој месец.
Турскиот претседател Ердоган
“Перверзии од Караман” – така Ердоган го нарече уличниот учител Случајот стана уште озлогласен и со забраната од обвинителството за ширење и печатењето на сите информации релевантни со случајот. Водителката на едно телевизиско шоу по Halk TV неодамна ја наруши оваа забрана, по што беше веднаш отпуштена. Згора министерката за проблемите на семејството Сема Рамазаноглу јавно ја заштити исламската фондација. Не смее да се валка името на една институција која прави добра и корисна работа, само поради еден единствен случај, изјави министерката. Пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот се двоумеше да создаде комисија која ќе испита што се случило. И дури откако дојде до вистински скандал, а притисокот врз власта се прошири, Партијата на правдата и развојот се виде принудена да отстапи, а самиот Ердоган лично се изрази за случајот и го нарече учителот “перверзњакот од Караман”.
Во чии раце се децата на Турција?
Случајот околу Мухарем Б. покренува и неколку фундаментални прашања: Имаат ли државните власти некаков контрола над училиштата на верските фондации? Кој ги воспитува децата на Турција и како точно го прави тоа? “Токму во тоа се коренитите проблеми”, вели адвокатката Седан Карти.“Никој не гледа внимателно, а дефинитивно има потреба одсе повеќе контрола”, вели за весникот “Хуриет дејли њус” и додава: “Семејствата кои ги испраќаат своите деца во такви верски фондации, често се сиромашни и веруваат дека синовите нивни се во сигурни раце. Но, како што покажува актуелниот случај, реалноста е често сосема поинаква “./DW
