На МВР му се заканува опасна хаварија, и внатрешни судири, и таа опсаност е стимулирана од последните незаконски одлуки на премиерот на владата на ВМРО ДПМНЕ, и нивниот министер, во случајов заменички министер.Според договорот од Пржино министер за внатрешни работи е претсавник од опозиционата СДСМ, Оливер Спасовски, а заменски министер од ВМРО ДПМНЕ. Поставувањето на тимот и првите луѓе во тимот, е работа на министерот Спасовски, но со најавенните оставки заради политиките околу распуштањето на парламентот и спроведување и денот на избори, кои патем не се усвоени од парламентот, власта тргна во чистка на МВР за да ги врати „своите луѓе на позициите“. Поради немање законски основ, одбиени оставки од парламентот, ставот на СДСМ дека ќе се штитат интересите на институциите согласно пржинскиот договор, луѓето поставени од министерот на опозицијата Спаосвски одбиваат и не се повлекуваат.
Поранешниот министер и лидер на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, прв предупреди на оваа сериозно опасна ситуација, во која може да дојде до несакани последици и подривање на безбедносната институција.
-„Демократскиот сојуз предупредува на можните безбедносни проблеми доколку во МВР се наруши принципот на хиерархија и натаму се практикува паралелно дејствување од дополнителниот заменик министер. Поради ова, ДС бара, Владата да ги повлече поединечните кадровски решенија бидејќи тие ќе предизвикаат целосен хаос и парализа на највиталната институција. Овие решенија се спротивни на Уставот и законите поради што треба Уставниот суд со времена мерка да ги суспендира и сите решенија на Владата и да ги поништи.

Република Македонија е во криза и затоа повикуваме на политички дијалог и договор, реактивирање на Парламентот и деблокирање на другите институции, за да се спроведат реформи, кадровски промени и создадат услови за избори, се вели во своето соопштениена ДС.
Нa оваа се огlасија со отоврени писма и минiстерот Спасовски и премиерoт Димитриев.Секако секој на своите позиции , без никакви доближувања. Точно како власт и опозиција.
И Димитриев напиша отворено писмо: Што не ви е јасно г-дине Спасовски? Јасно е како бел ден!
Уште еден безбедњак денеска исто предупредува за можно,лошо сценарио. Поранешниот директор во УБК Горан Митевски во интервју за Фактор смета дека последните случувања во МВР се вовед во целосно нефункционирање на полицијата, а во заложништво и опасност е безбедноста на целата држава. Одлуката на Владата за поништување на сите решенија на министерот Спасовски, Митевски вели дека е неуставна. Според него, ситуацијата е премногу сериозна и Претседателот Иванов мора да го свика безбедносниот врв во државата, оти страстите се зовриени.
„Со последните случувања во МВР, по поднесената оставка на министерот Оливер Спасовски која не беше доставена до Собранието на РМ од страна на премиерот Емил Димитриев пред неговото распуштање, министерот останува на чело на министерството со кое тој продолжува да раководи до изборот на нова Влада и назначување на нов министер. За жал, последните месеци бевме сведоци дека министерот и неговиот заменик даваат спротивставени изјави што доведува до привид дека имаме две министерства или МВР е поделено на два дела, еден со кој раководи министерот и друг со кој раководи неговиот заменик. Ризикот од последните случувања, а посебно по поништувањето на сите одлуки и кадровски решенија од страна на Владата кои ги донесе министерот Спасовски претставува вовед во целосно нефункционирање на МВР. Во случај таквата ситуација да продолжи и понатаму тоа може да предизвика нарушување на безбедносната состојба на територијата на целата држава. Затоа, под итно, претседателот на државата треба да го свика Советот за безбедност за надминување на ваквата хаотична ситуација, со цел смирување на страстите и функционирање на правната држава“, вели за Фактор Митевски
До вчера , како што дознаваме од извори во МВР, сè уште се почитувале решенијата на Спасовски, но тоа ќе трае до денеска со оглед на тоа што владината одлука веќе е објавена во „Службен весник“ со назнака дека „истата стапува на сила ден по објавувањето“. Најновото печатено издание буквално е преплавено со владини одлуки за именувања, разрешувања и распределувања.
Десетици страници во денешниот „Службен весник“ содржат поништени решенија од министрите Спасовски и Ременски, чии оставки не беа констатирани
Ниту Спасовски, ниту пак Чавков, не беа расположени телефонски да разговараат на оваа тема.
„Сè уште се на сила старите решенија. Ќе се изјаснам кога ќе имам подетални информации“, вели за Призма и Спасовски. „Ќе ве побарам подоцна, на состанок сум“, рече Чавков, но и по неколку часа, не се јави.
Во меѓувреме во МВР вистински вриеж, а препукувањата одат дотаму што и старите и новите кадровски решенија се на граница на директен судир и пресметка, за да ги одбранат позициите на својот министер. Кому му одговара ваков тип на дестабилизација, нарушување на пржинскиот договор, партизирање на полицијата и преминување од блокада на институциите во нивно урнисување, е отворно прашање кое заслужува многу брз и конкретен одговор.