(ВИДЕО) И “Достоинство” се приклучија на Платформата за демократска Македонија

од desk3
192 прегледи

Бројот на потписниците во функција на поддршка на Платформата за демократска Македонија расте.
Денеска потпишаме со една десна партија. Тоа е партијата Достоинство на Стојанче Ангелов, којшто е сериозен опозиционер и вистинска десница во Македонија.
Тоа само по себе покажува дека сите се обединуваме без разлика на нашата определба дали сме десница, левица или центар.

-Се-шири-фронтот-за-демократска-Македонија-се-вклучи-и-десната-партија-Достоинство
Се работи за Македонија и за иднината на нашите граѓани.
Јас сум убеден дека бројот на поддршката на Платформата ќе расте. Очекуваме да се приклучат уште многу други политички партии и здруженија на граѓани.
Ги повикуваме сите интелектуалци, земјоделци, вработени и невработени граѓани да стават свој потпис и да застанат зад овие вредности коишто секоја нормална земја треба да ги има. Тоа се регуларни, фер и демократски избори.
Заедно да ја вратиме правдата и правичноста во нашата држава. да ги департизираме институциите. Да ги вратиме слободата на медиумите и слободата на говорот. Да создадеме општество достоинствено за почит.
Преку потпишувањето на оваа Платформа испраќаме силна порака: НЕ за организација на уште едни криминали и нефер избори во Македонија.