Одговори на новинарски прашања, Зоран Заев, претседател на СДСМ, по објавата за барање оставка на претседателот Иванов и несогласувањето со аболицијата на Ѓорѓе Иванов

Интегрално :
П1: Кога започнуваат протестите?
Вендаш штом ќе ги донесеме одлуките, денеска повикот е испратен. Веднаш штом ќе ги донесеме одлуките започнуваат сите алатки коишто ни стојат на располагање. Правдата и правната држава во Македонија мора да ја вратиме. Ова денеска е државен удар, не е само удар врз правната држава. Сите алатки коишто ни стојат на располагање ќе ги користиме. Повикот за протест денеска е испратен. Со добра организација сите родољубци на оваа наша земја, сите слободоумни граѓани, почитувачи на правната држава, на слободата, и демократијата, ги повикуваме да ни се приклучат.
П2: Со последната одлука на Иванов, веќе се укина и СЈО, значи нема да продолжат со работа, поради тоашто осомничените се амнестираат. Доколку и Уставниот Суд ја донесе и официјалната одлука, дали ќе побарате да ви ги вратат прислушкуваните разговори и дали ќе ги објавите?
Треба да знаат граѓаните. Штом ќе бидат слободни и независни институциите повторно во државата, актите за помилување на Ѓорге Иванов ќе бидат ставени вон сила. Затоа што законот за помилување е нефункционален, сите одредби се укинати од Уставниот Суд. Старите одредби од законот не се оживеани, затоа нема законска можност Ѓорги Иванов да аболицира, помилува или слично. Ги повикувам правниците да го дадат конкретното јасно толкување на оваа теза, оваа е на прва од нашите тимови. Оттука, секако СЈО стапува на сила мора да се одговара за криминалот на криминалците во оваа држава, и од тоа бегање, нема.
За да нема дилема, ќе појаснам. Ниту барав, ниту прифаќам амнестија. Не сме сите исти, и не сме сите криминалци. Јас сум невин и својата невиност ќе ја докажам на Суд, низ соодветна процедура. Не сакам воопшто да бидам аболициран, ниту помилуван, не ја прифаќам оваа одлука. Не дозволувам да бидам ставен во ист кош со вистинските криминалци во власта. Ги повикувам сите коишто се невини, а политички обвинети, да побараат повлекување на оваа срамна одлука од Иванов. Истовремено апелирам и потенцирам, луѓето по затвори, се помалку луѓе од политичарите? Човекот што украл 100 кебапчиња е во затвор, а криминалците сакаат да бидат ослободени? Тоа нема да го дозволиме. Ве повикувам, граѓани, тоа да не го дозволиме, не смееме тоа да го дозволиме. И на крајот, процесот „Титаник“ е отворен доказ за нелегитимноста на Ѓорге Иванов. Тој има судир на интереси, тој не може да помилува, затоа што директно и неговиот избор е доведен во прашање, од каде ја црпе можноста да помилува од непостоечки закон со уништени одредби. Отварам комплетно секаква можност оваа одлука да не биде функционална. Доколку некој се обидува да биде финкционална, секако дека ќе ги искористиме сите елементи тоа да го спречиме. Прво да даде оставка, ако не даде оставка да побараме импичмент, да побараме да биде разрешен од Парламентот. Оваа карикатура соопштение од ВМРО ДПМНЕ, што го пуштија е навистина карикатура соопштение. Ако навистина стојат зад тоа соопштение ги повикувам да дојдат на Собранието и да ја поддржат нашата иницијатива, за разрешување на Ѓорге Иванов, ако се искрени во својата намера. Да ја сочуваме правдата и правната држава во Република Македонија.