(ФОТО)На демонстрантите им се придружи и лидерот на СДСМ Зоран Заев

од Vladimir Zorba
141 прегледи

На демонстрантите на  вечерашните протести во Скопје им се придружи и лидерот на опозицијата Зоран Заев со пратениците.

12992710_992852750800481_1483831092_n (1) 12992974_992859487466474_1607919498_n 12992267_992859317466491_888575646_n

Протестите почнаа пред СЈО, потоа пред канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје, па пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ, каде беа спречени и потиснати од специјалци на МВР

12988146_992837544135335_36572730_n12992077_992836697468753_373844962_n

Последната иинформација од репортерот на Локално.мк Филип Ѓурчиновски, е дека протестантите се упатиле пред Владата на РМ.

владаааОсвен фрлање со јајца врз канцеларијата на Иванов, и шишиња со вода,  блокирање и потиснување од полицијата други инциденти нема.Се слушаат повици за оставки, затвор за криминалците и слоганот „ Нема правда Нема МИР“ !

Протестите ги предзивика одлуката на претседателот на државата Ѓ Иванов да ги помилува сите политичари против кои се водат  и ќе се водат постапки од СЈО и ЈО заради прислушуваните материјали и изборниот криминал.

Иванов во обраќањето до нацијата вели дека тоа го прави на своја рака за излез од кризата.

Хан: Одлуката на Иванов не е во согласност со владеењето на правото

Заев: Иванов да поднесе оставка , ова е државен удар ! Одиме на улица!

ДС: Ова е ДРЖАВЕН УДАР-Бараме свикување на парламентот!

Гарет загрижен за одлуката на Иванов, ќе треба појаснување

Американска амбасада: Доведено во прашање владеењето на правото

Досега целата меѓународна јавност го осуди ова како атак врз владеење на правото,  а домашните партии како државен удар и погребување на пржинскиот договор.

Се бара инпичмент за Иванов и повторно заседание на парламентот поради ваквата вонредна сосотојба