Хан за РСЕ: Политичките лидери ризикуваат да бидат ставени во изолација

од desk3
133 прегледи

Одлуката на претседателот Иванов да ги помилува сите вклучени во политичката криза е нешто што според моите сфаќања не е прифатливо и не е во согласност со владеењето на правото, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју со дописникот на РСЕ од Брисел, Рикард Јозвиак. Aко работите продолжат како во моментов, се сомневам дека ова ќе бидат избори кои го подготвиле патот на евроатланската перспектива на земјата, вели Хан.

El comisario europeo de Política Regional, Johannes Hahn, mientras el presidente del Comité de las Regiones está dando su discurso sobre ayudas a las regiones
Опозицијата вели дека ќе ги бојкотира изборите на 5 јуни, бидејќи Договорот од Пржино не е имплементиран. Тие особено се жалат дека не е прочистен избирачкиот список. Владејачките партии најавија дека ќе има избори на 5 јуни. Дали сметате дека избори без главната опозициска партија, СДСМ, ќе бидат фер и согласно стандардите на ЕУ?

Во принцип, изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија. Сега кога Парламентот е распуштен, тие ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Во спротивно, земјата нема да има евроатлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот од јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа и штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација.

ПОвеќе ТУКА