Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги запре сите кривични постапки кои произлегуваат за прислушуваните материјали , всушност да го елиминира договорот од Пржино и затвори СЈО предизвика лавини реакции и изнесе народ на улица. ЗА (не)среќа на овој пеколен план на власта, засега нема да биде аболициран единствено лицето Ѓорѓи Иванов. Неговата послушност кон вождот го доведе до крај на политичката кариера. ВМРО ДПМНЕ го донесе и однесе од власт. Општата оценка е дека ова е државен удар и удар врз правната држава и владеење на првото.
Хронолошки што се случуваче откако Иванов како претседател сам своеволно, во стил на монарх прголаси опшата амнестија и прекинување на сите судски и кривични процеси, па и најави и идни блокади на СЈО и се што ќе излезе како кривична против политичарите од материјалите за прислушувањето и СЈО и ЈО.
„Оваа криза е нечиј туѓ интерес, за нечии туѓи цели и интереси. Некој кој сака нешто да постигне, некој кој сака преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи да оствари своја цел. Сето она што се случуваше во изминатиот период, резултираше со досега невидена политичка конфронтираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување, бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација“, изјави Иванов.
Ведднаш по обраќањето до нацијата и соопштувањето на аболицијата од претседателот ГИ, граѓаните спонтано се организираа по социјалните мрежи, излегоа на улиците на Скопје и протестираа на повеќе локации . Тука беа пред се опозиционерите на власта на кои подоцна поддршка им даде и им се приклучи и лидерот нса опозицијата Зоран Заев со пратениците.
Демонстрантите прво во помал број се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство. Таму со аплаузи и скандирања ги охрабрија обвинителите да продолжат со истрагите против функционерите осомничени за низа криминални дејствија.
Оттаму граѓаните се упатија кон Народната канцеларија на претседателот кон која фрлаа со јајца. Според нив, одлуката на претседателот е нарачана, а Иванов со тоа извршил удар врз правото, но и врз Специјалното обвинителство кое веќе отвори три предмети поврзани со високи функционери од власта.
-Иванов до крај го разоткри злосторничкото здружение. Ова е недостојно за претседател. Немаме друго, сенароден отпор!Нема правда нема мир, ќе протестираме додека не се повлече одлуката и не се тргне тој кукавица Иванов, порачуваа демонстрантите. ЗАтвор за криминалците!
По час и половина протест пред Канцеларијата на претседателот, демонстрантите се упатија кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од Канцеларијата на Иванов која ја бранеа десетина полицајци, пристапот до штабот на ВМРО-ДПМНЕ беше блокиран од кордон специјалци.Не се дозволи пристап до зградата и не можеше да биде погодена со јајца и тврди предмето бидејќи полицијата направи потиснување до безбедна дистанца.
По три часа протест, на протестот се префрли пред Владата . И таму се фрлаа јајца и шишиња . На протестот се појави и лидерот на опозицијата Зоран Заев придржуван од партиските челници и пратеници Тој одби да даде изјава, бидејќи рече дека СДСМ излегува на протести , а ова вечерва е само согласување и поддршка за граѓаните
Иако имаше обид, демонстрантите не успеаа да го пробијат кодронот од специјалци, па така зградата до зградата ан ВМРО-ДПМНЕ остана блокира.
„Нема правда нема мир “беше главниот слоган потоа „Робија“, „Оставка“. а на полицајците им се скандираше „Еден ден ќе се срамите, штитите криминалци“, „Спуштете штитовите“, „Придружете се, не одете против народот“, им довикуваа граѓаните на специјалците.
Доцна вечертаа пак, симпатизери на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, организираа исто така помал симболичен протест од стотина души пред седиштето на СДСМ на Бихаќка. Во текот на ножта бројката се зголеми но немаше инциденти и судири со полицијата
Тие велат дека не се работи за контра протест, туку само бараат Заев да ги почитува одлуките на државните институции, а дел се прикажуваа како незадоволници што и Заев бил аболициран од Иванов..
Сите партии и лидери се изјаснија против авболицијата на Иванов.
По обраќањето на Иванов на прес-конференција во седиштето на Бихаќка, Заев изјави дека со ваквата одлука, Иванов извршил државен удар, се бара негова оставка и се повиукува народот на улица
Заев рече дека ниту бара, ниту прифаќа амнестија за него. Тој рече дека не се сите криминалци, а конкретно претседателот, има судир на интереси бидејќи случајот Титаник на СЈО токму докажува дека тој е избран на криминални избори.
И лидерот на ДУИ Али Ахмети не ја прифаќа, и побара Иванов одлуката да ја стопира, затоа што е избрзана и непромислена.
ДПА порача дека кризата со оваа не запира и не го гледа крајот.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ пак, стигна соопштение во кое се вели дека партијата е фрапирано од одлуката на Иванов.
Демократскиот сојуз оддржа и вонредно претседателство и заклучи дека ова е државен удар , побара итно свикување на парламентот, инпичмент и оставка за Иванов и протести се додека не се реализира оставката на Иванов.
Речиси сите помали партии се изјаснија за барање оствка и неприфажање на оваа кукавичка одлука на Иванов
По скандалозната одлука на Иванов, стигнаа реакции и од меѓународната заедница и од САД и од Брисел и од повеќе амбасади на земјите од ЕУ.
Во реакциајта ан ЕУ, и во реакцијата на американската амбасада се истакнува загриженост за одлуката на Иванов, која според нви го доведува до прашање владеењето на правото.
Реакција на Твитер стигна и од еврокомесарот Јоханес Хан.
„Денешната акција на претседателот Иванов не во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали се се уште можни кредибилни избори. Политичките лидери мораат да знаат дека неодамнешните акции се сериозен ризик за евро-атлантската иднина на нивната земја. Демократијата значи компромис во служба на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат на преговарачката маса и да ја продолжат работата на реформите”, напиша Хан на Твитер.
Доцна во ноќта Иванов морал да ги прими и амероканскиот амбасадорот Бејли и германскиот амбасадор Алтхауезер. Тој се кавгал тврдејќи дека сакал да помогне во надминување на кризата. Се зборувало на висок тон и му биле предочени ризиците за ваквото претседателко аболицирање на изборен криминал и процес и уривање на СЈО./Очекувајте нови деали на Локално.
видео: Нова