Трајанов бара итна и вонредна седница на парламентот

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Демократскиот Сојуз ги повикува сите пратеници да  отидат на своите работни места во Собранието на Република Македонија заради договор и започнување на постапка за одржување на вонредна седница на Собранието.

sobranie pratenicki prasanja,pavle trajanov so skrsteni race vo sobranie

Согласно Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, одржување на вонредна седница можат да побараат 20 пратеници, по што претседателот на Собранието мора да свика седница.

На седницата Собранието треба да донесе одлука за престанување со важност на одлуката за самораспуштање на Собранието, како и да отпочне постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов кој одлучи да аболицира политичари под сомнение дека фалсификувале избори, направиле грабеж од неколку стотици милиони евра, прислушкувале илјадници  граѓани и ги загрозиле перспективите на државата.

ДС го повикува Ѓорге Иванов да ја поништи одлуката за аболиција и да поднесе оставка.