Бејли на Твитер: Одлуката на Иванов ги штити корумпираните политичари и нивните соработници

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на својот твитер-профил, за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија, рече дека е процес кој ги штити корумпираните политичари.

bejli_intervju_0

Тој напиша: „Општо помилување без судски процес ги штити корумпираните политичари и нивните соработници. Да им дозволиме на Специјалното јавно обвинителство и на судовите да си ја завршат својата работа“.

bejli

Вчера Амбасадата на САД во земјава изрази загриженост поради одлуката на претседателот Иванов.

„Чекаме понатамошни детали и појаснувања. Меѓутоа, изјавата на претседателот предизвикува сериозна загриженост за посветеноста на Македонија на владеењето на правото“, стои во реакцијата на Амбасадата на САД.