Коментар на МНР на Русија: „Украинско сценарио“ може да доведе до сериозни потреси во Македонија!

од desk3
109 прегледи

Со загриженост ги примивме соопштенијата за ескалирање на политичката спротивставеност во Македонија, за немирите кои се случија во Скопје. Ги повикуваме сите страни на политички дијалог и непровоцирање на нови изливи на кризата којa трае веќе повеќе од една година.

RUSI

Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Притоа, одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст.

Сметаме дека е недозволиво да се разнишува кревката ситуација во Македонија поврзана со комплициранa етничка и верска структура на земјата. Активирање на „украинското сценарио“, надворешно инспирирање на незаконски дејствија и на државни удари може да доведе до сериозни потреси во Македонија, како и до дестабилизирање во целиот Балкански регион.

Ги повикуваме сите политички сили и претставници на меѓународната заедница да го следат патот на решавање на внатрешната македонска ситуација со мирни средства, со почитување на дејствијата и на одлуките на легитимните власти и на македонското раководство.

 

Оригиналниот текст ТУКА