Жените – вообичаено осомничени за озборување, навистина се подготвени да ги споделат личните тајни со пријателите, вклучувајќи сексуален живот, покажува новото истражување објавено во британските медиуми.
Според новото истражување повеќе од една третина од жените имаат тенденција да г споделат колку интимни партнери имале. 38% откриваат колку често имаат секс, а една четвртина разговараат со пријателки што е ново и авантуристичко и што сакаат да пробаат со партнерот.
Три на секои десет жени (30%) споделуваат во детали што правеле синоќа во спалната соба. Изгледа нивните партнери не доживуваат истата потреба да споделуваат толку лични детали. 33% од мажите би се пофалиле на пријателот, ако спие со директорката, но само 5% би зборувале за сексуалниот живот со сериозна девојка.